Утрински Весник
Македонија

Херои во сенка: Личниот асистент Филип ја раскажа својата приказна на 4ТВ

Img 3403.jpeg

Во време кога поддршката за лицата со попреченост добива сè поголемо значење, улогата на личните асистенти станува клучна за подобрување на квалитетот на животот на овие граѓани. Еден од нив е Филип Ѓорѓиевски, кој во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ отворено зборуваше за своето искуство, мотивација и предизвиците со кои секојдневно се соочува.

Ѓорѓиевски откри дека неговата посветеност кон оваа професија произлегува од лично искуство. Уште од најрана возраст бил во контакт со лице со посебни потреби, што му овозможило одблизу да ја разбере реалноста со која живеат овие лица и нивните семејства.


„Знам колку е тешко едно семејство да се грижи за такво лице и колку е сурова реалноста денес“, истакна тој.

Желбата да им помага на другите, како што вели, отсекогаш постоела. Можноста да стане личен асистент ја препознал кога слушнал за конкурс објавен од Црвен Крст. Тоа бил моментот кога решил да се пријави и да започне професионален ангажман во оваа област.

Според него, работата на личен асистент не е само професија, туку голема одговорност која бара емпатија, трпение и искрена посветеност.

Преку своето искуство, Ѓорѓиевски упати порака дека е потребна поголема општествена свест и посилна институционална поддршка за лицата со попреченост, но и за луѓето кои секојдневно работат со нив.

Неговата приказна е потсетник дека зад секоја професија стојат лични мотиви и вредности, а кај личната асистенција – и силна желба да се направи вистинска позитивна промена во животот на другите.

Можете да прочитате

„Гоце Делчев е светиња“ – Петровска се огради и испрати силна порака

Ѓорѓиевски до властите: Кратете од луксузи, не од „зрнцето“ надеж за најранливите

Од мозочен удар до отказ: Тримчески ја откри животната голгота