Утрински Весник
Спорт

Херојката на Шпанија, по финалниот меч, дозна дека починал татко ѝ

Херојката на Шпанија, по финалниот меч, дозна дека починал татко ѝ

Женската репрезентација на Шпанија вчера за прв пат во својата историја стана светски шампион. Шпанките во финалето на Светското првенство ја совлада Англија. со 1:0

dobivaj vesti na viber

Хероина на „црвената фурија“ стана Олга Кармона која го постигна единствениот гол на натпреварот во 29.минута.
Кармона голот и го посвети на починатата мајка на колешката од националниот тим. На маицата под дресот таа го имаше напишано нејзиното име. Гест за почит од страна на Кармона која не знаеше дека два дена претходно трагедија се случи и во нејзиното семејство.

Во петокот, по долга и тешка болест почина таткото на Кармона. Мајката на Олга и нејзините браќа, од трибините го следеа финалето, а откако натпреварот заврши и ја соопштиле тажната вест.

„Знам дека ме гледаше вечерва и дека се гордееш со мене. Почивај во мир тато. Не ни знаев дека почина, но знам дека ми даде сила да направам нешто посебно денес и го направив тоа.” напиша Кармона.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига