Утрински Весник
Спорт

Хери Кејн ќе чита детски приказни на Би-би-си

Хери Кејн ќе чита детски приказни на Би-би-си
Dik 300x250 mk

Капитенот на англиската репрезентација, напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн, денеска ќе чита детски приказни на Би-би-си и нивната програма за приказни за заспивање на „Сбибис бедтајм сторис“. Кејн ќе ја чита приказната „Лавот однатре“ на Рејчел Брајт, во која се следи патот на еден страшлив глушец, кој се обидува да најде храброст.

dobivaj vesti na viber

„Една од моите омилени работи е кога ќе седнам со моите деца пред одење во кревет и ќе им прочитам некоја приказна. Навистина ми се допаѓа ‘Лавот однатре’ и едвај чекам да ја прочитам“, изјави Кејн.

29-годишниот англиски напаѓач денеска исто така ја формира својата фондација „Хери Кејн“ преку која ќе се обиде да помогне за отвореноста за менталното здравје.

Претходно, вакви приказни на Би-би-си читаа и принцезата Кетрин, Хери Стајлс, Дејв Грол и Стив Карел.

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа