Утрински Весник
Македонија

ХЕРА: Промоција и унапредувањето на правата на жените треба да биде приоритет за целото општество

Slika 1 1024x683 1.jpg

Промоција и унапредувањето на правата на жените треба да биде приоритет за целото општество, е главната порака од денешниот состанок на Лидерската група за родова еднаквост кој се одржа во Скопје, во организација на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација во соработка со партнерите од повеќе сектори во македонското општество.

Членовите на Лидерската група истакнаа дека е потребно зголемено политичко учество на жените, учество во јавната сфера на живеење и нивно економско зајакнување, со што ќе се придонесе за поправично општество кое ќе овозможи повеќе можности за развој и напредок на сите граѓани, а преку тоа и на целото општество.

„Жените во македонското општество се соочуваат со значителни препреки во пристапот до пазарот на трудот и постигнувањето еднаква плата за иста работа. Неплатените обврски за грижа дополнително го попречуваат вклучувањето и унапредувањето на жените како дел од работната сила и со тоа ја пролонгираат и одржуваат нивната економска неповолност. Создавањето на национална иницијатива за родова еднаквост како структура што ќе промовира и лобира за политики кои во себе ја содржат родовата основа и ги штитат правата на жените и девојките е од огромно значење со цел да имаме напредок за целокупното општество“ – истакна извршната директорка на ХЕРА Мила Царовска, извршна директорка/ Елизабета Божиноска, програмската директорка на ХЕРА.

Таа додаде дека е охрабрувачки што интересот за членување во Лидерската група е голем и во неа има претставници на политичките партии, академската заедница и културата, граѓанските организации, верските организации, медиуми и комори, кои може да лобираат и придонесат за родово сензитивни и родово одговорни политики.

И покрај напорите на земјата со усвојувањето на Истанбулската конвенција и родово сензитивните закони, вклучително и оние кои се однесуваат на насилството врз жените, спроведувањето на законите во пракса и нивната реализација сè уште се недоволни, а родовите стереотипи, предрасуди и дискриминација се широко распространети. Истражувањата покажуваат дека жените се недоволно застапени при носењето на одлуки, високите раководни позиции во политиката и бизнисот, пазарот на трудот, како и одбраната и безбедноста. Само 38.3 % од вработените лица се жени, 28,5 % од имотот во државата е во сопственост на жени, а само 4,1 % е во сопственост на жени од рурални средини. Жените се најголемиот број на жртви со семејно насилство, во 79 % од случаите. Условите за обезбедување пензија од државата ги исполнуваат 41 % од жените, а 66.4 % од неплатените семејни работници се жени.
Платформата која ќе се создаде преку Лидерската група ќе помогне да се намали поларизираноста на гледиштата за родовата еднаквост во земјата, изнаоѓање решенија за создавање на подобри политики, донесување на одлуки и соодветни законски решенија кои ќе придонесат за унапредување на родовата еднаквост. Планирано е да се усвои методологија за Родова еднаквост и социјална инклузија (РЕСИ), која ќе ги насочи политиките, застапувањето и имплементацијата и ќе претставува алатка што ќе обезбеди примена на стандардите за родова и социјална вклученост во развивањето на новите политики во иднина.

Лидерската средба за родова еднаквост се организира во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, кој го спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Британска амбасада Скопје. Проектот има за цел да воспостави и поддржи национална мрежа за родова еднаквост која ќе ги поткрепи и заштити правата на девојчињата и жените во Северна Македонија преку поттикнување дискусии и соработка на лидерската група за родова еднаквост и преку застапување и усвојување на родово засновани политики.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?

СДСМ: Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на тере