Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели

Helsinksi komitet.webp.webp
300x250 opst2

Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи.

платено политичко рекламирање

Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба.


Ваквата пракса, за жал, е редовна појава во земјава. Во пресрет на локалните избори, во медиумите и социјалните мрежи се забележуваат повеќе вакви случаи, само неколку примери се: видео објава на неколку кандидат во која се вклучени нивни деца со повик да се гласа на претстојните избори, фотографија на кандидат за градоначалник кој на деца им дели играчки во рамки на кампањата, како и делење на промотивен материјал на деца.

Хелсиншкиот комитет упатува јасен апел до институциите, политичките партии, медиумите и родителите веднаш да престане вовлекувањето на децата во политички кампањи и да се преземат соодветни мерки за санкционирање на сите кои ги користат децата за политички цели.

Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон. Согласно Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата:

„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.”

Хелсиншкиот комитет потсетува дека на децата не им е место во политиката. Наместо злоупотреба, политичарите и нивните поддржувачи треба да се залагаат за создавање услови за квалитетен живот, образование и развој на најмладите.

Можете да прочитате

Две лица од кумановски Средорек пријавиле закани и напад при делење изборен материјал

18 години без Тоше во Крушево: Ултрамаратонците му оддадоа почит на на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи Габриела Илиевска за „умрена“ на Фејсбук