Утрински Весник
Свет

Хејли ги нарече Трамп и Бајден „мрзоволни старци“

Nikki haley.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кандидатката за претседателска номинација на Републиканската партија, Ники Хејли, ги нарече своите ривали, поранешниот американски претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Џозеф Бајден, „мрзоволни старци“.

Британските медиуми пренесуваат дека Хејли излезе со оценката дека двајца нејзини ривали „одамна го поминале својот политички зенит“.

Кампањата на Ники Хејли (52) денеска соопшти дека почнала со дигитални реклами и меилери што треба да предизвикаат сомнеж во менталните капацитети на Трамп и Бајден, критикувајќи ги дека не водат поенергични кампањи и трошат пари.

Хејли, поранешна американска амбасадорка во Обединетите нации, смета дека е време „за нова генерација на лидерство во Вашингтон“.

Таа ги повика политичарите постари од 75 години да се тестираат за менталните способности и е поборник за ограничување на мандатот за пратениците.

Нејзините аргументи би можеле да одекнат на изборите во ноември, каде што најверојатно ќе се соочат актуелниот американски претседател, кој тогаш ќе има 82 години, и неговиот најсериозен противник, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе има 78 години.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање