Утрински Весник
Спорт

Хари Кејн го надмина славниот Гери Линекер

Хари Кејн го надмина славниот Гери Линекер

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, стана играч со најмногу голови за гордиот Албион на големите натпреварувања. Тој сега има вкупно 11 гола, откако беше стрелец на еден погодок во триумфот над Сенегал од 3:0 во осминафиналето на Мундијалот во Катар.

dobivaj vesti na viber

Хари Кејн има седум гола на светските првенства и четири гола на европски првенства, оставајќи го зад себе Гери Линекер, кој може да се пофали со вкупно десет гола на двата најважни турнири.

Џуд Белингем стана најмладиот Англичанец кој асистирал на Мундијал. Со 19 години и 158 дена, тој стана само третиот тинејџер кој стартувал за тимот на Англија во нокаут фаза од Светското првенство. Досега тоа го имаше направено само Мајкл Овен против Аргентина во 1998 година со 18 години и 198 дена.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ