Утрински Весник
Спорт

Хаос во Буенос Аирес – Двајца загинати и многу повредени во прославата на титулата

Хаос во Буенос Аирес – Двајца загинати и многу повредени во прославата на титулата

Прославата на светската титула низ улиците на Буенос Аирес, која Лионел Меси и соиграчите им ја донесоа на Аргентинците по пауза од 36 години, се претвори во вистински хаос.

dobivaj vesti na viber

Според проценките преку пет милиони луѓе излегле на улиците на аргентинската престолнина за да ги поздрават националните херои.

Навивачите се качуваа на канделабрите, семафорите и покривите на автобуските станици каде славеа, скокаа и пееја. За жал, еден 24-годишник паднал низ стаклен покрив и набргу починал, а друг навивач починал откако знамето кое го имал околу вратот му се фатило во тркалото на моторот и го задушило.

Петгодишно момче е во кома откако на главата му паднаа остатоци од споменикот на кој навивачите се качуваа, илјадници навивачи беа полесно или тешко повредени, а хулигани крадеа полициски возила и со нив се движеа низ градот.

Ситуацијата беше на работ да излезе од контрола во моментот кога автобусот со играчите повеќе не можеше да се движи напред или назад низ огромната толпа луѓе. Додека автобусот минувал под надвозникот, многу навивачи се обиделе да скокнат во него, а дел од нив паднале и биле тешко повредени.

После тоа, полицијата успеала да го одвои автобусот од толпата и да го однесе на безбедно, од каде играчите биле префрлени во два хеликоптери. Тие неколку пати го прелетаа центарот на градот, а потоа се упатија кон претседателската палата на официјален прием.

Како што одминуваше денот, а потоа и ноќта, улиците стануваа сè понемирни. Силни полициски сили се пресметаа со хулиганите, употребени се и гумени куршуми, а конечниот број на повредени и уапсени се уште не е познат.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност