Утрински Весник
Балкан

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција

Albanija 1.webp.webp

Хаотична атмосфера денеска ја одбележа седницата во албанскиот парламент, откако пратеници од опозицијата запалија бакљи и фрлаа вода во салата, протестирајќи против, како што наведуваат, корупцијата во владата, објави The Telegraph. Снимките од Тирана покажуваат густ чад и турканици меѓу пратениците, додека обезбедувањето се обидувало да воспостави ред.

Инцидентот следува по неколкунеделни тензии и обвинувања од опозицијата дека власта ги игнорира барањата за истрага за серија корупциски скандали. Корупцијата со години е едно од најгорливите прашања во Албанија, и покрај започнатите реформи, особено во судството со поддршка од ЕУ и САД. Случаите поврзани со високи функционери дополнително ја нарушуваат довербата на јавноста во институциите и политичкиот систем.

Можете да прочитате

Пленковиќ ги отфрли критиките за приемот на хрватските ракометари со Томпсон

Името на Ѓукановиќ во документите за Епштајн, тој тврди: Немам никаква врска

Снежно невреме ги затвори училиштата во Грција