Утрински Весник
Свет

Хамнеи: Иран нема да преговара!

Iran zname.webp.webp

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, за првпат ѝ се обрати на јавноста откако го наследи својот татко, кој беше убиен во американско-израелски напад кон крајот на февруари.

Хамнеи реагираше и на атентатот врз Али Лариџани, порачувајќи дека Техеран нема намера да отстапи од својата политика и дека нема да прифати никакви иницијативи за деескалација.


Главната порака од неговото обраќање беше јасна нема да има преговори, ниту прекин на огнот, сè додека, како што изјави, „САД и Израел не бидат поразени“. Со ова, практично се гасат надежите за брзо смирување на тензиите на Блискиот Исток.

Хамнеи нагласи дека Иран ќе продолжи со цврстата стратегија, и покрај загубите во врвот на власта, додавајќи дека затворањето на Ормутскиот теснец ќе остане средство за притисок врз противниците. Овој потег веќе има сериозни последици врз глобалните пазари, со значителен раст на цените на нафтата.

Говорот беше посветен и на ликот на Лариџани, кого Хамнеи го прогласи за „маченик“ и истакна дека неговата смрт нема да остане без одговор. Тој го опиша како клучна фигура во безбедносниот апарат на Иран и долгогодишен стратег на режимот.

Воедно, новиот лидер испрати и директна порака до земјите во регионот кои имаат американски воени бази, барајќи нивно затворање и предупредувајќи дека ќе мора да изберат страна во конфликтот.

Можете да прочитате

Трамп: Очекував поголем пораст на цените на нафтата, не е толку лошо

Цената на природниот гас се покачи за 25 отсто по нападот од Иран на Катар

ЕУ повикува на воздржаност на Блискиот Исток