Утрински Весник
Свет

Хамбург воведува забрана за никаб и бурка во училиштата

Burka 1.jpg

Во училиштата во градот и сојузната покраина Хамбург ќе биде забрането покривање на лицето со никаб или бурка, објавија во четвртокот германските медиуми.

„Училиштето и покривањето на лицето не одат заедно. Гледањето на лицето на соговорникот е важно за комуникација“, вели Нилс Хансен, експерт за образование во огранокот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Хамбург.

Сите репрезентативни клубови во покраинскиот сенат, освен партијата Левица, гласаа за усвојување на закон со кој ќе се овозможи забрана за покривање на лицето.

Правната иницијатива беше покрената откако судот во Хамбург во 2020 година ја прифати тужбата поднесена од 16-годишна ученичка која се жалеше дека била исфрлена од часови поради носење никаб. Судот потоа ја образложи пресудата со тоа што нема правна основа за таква забрана.

Хансен објасни дека никабот во училиштата во Хамбург не е масовна појава и дека станува збор за десетина случаи, но донесувањето на законот го оправдува со потребата училиштата да можат да се повикуваат на законот во своите одлуки.

Сè уште е дозволено носење заштитна маска како заштита од инфекција и шамија како покривка за глава.

Во Германија, прашањето за забрана на покривање на лицето од религиозни причини се поставува повторно и повторно, а со оглед на тоа што образовната политика е одговорност на сојузните држави, прашањето не е униформно решено низ целата земја.

Во последните недели во Хамбург се одржаа протести на исламисти со барање за воведување шеријат во Германија.

Можете да прочитате

ЕУ ги продолжи санкциите против Сирија до јуни 2025 година

Путин: Земјите од НАТО, кои зборуваат за напади на руска територија треба да бидат свесни со што си играат

Во Црвено Море тоне товарен брод откако бил погоден со ракета