Утрински Весник
Свет

Хамас: Тврдењето на Израел за понижувачки церемонии за предавање на заложниците е лага и изговор

20250223094853 Big 730x400 44.webp.webp

Палестинската милитантна група Хамас ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници, велејќи дека тврдењето на израелските власти за „понижувачките“ церемонии за предавање на заложниците на Хамас е лага и изговор за избегнување на обврските што произлегуваат од договорот за прекин на огнот во Газа.

– Одлуката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одразува намерен обид за раскинување на договорот, претставува јасно кршење на неговите одредби и покажува недостиг на сигурност на окупаторот во спроведувањето на своите обврски, рече Езат ал Рашк, член на политичкото биро на Хамас.


Израелските власти утрово соопштија дека го одложуваат ослободувањето на повеќе од 600 палестински затвореници како дел од размената со Хамас додека не добијат гаранции дека ќе бидат прекинати „понижувачките церемонии“ што Хамас ги одржува при предавањето на заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“.

– Во услови на повеќекратни прекршувања на Хамас – вклучително и церемониите кои го понижуваат достоинството на нашите заложници и циничното користење на нашите заложници во пропагандни цели – одлучено е да се одложи ослободувањето на терористите, што беше планирано за вчера, додека не се гарантира следното ослободување на заложниците, и без понижувачки церемонии, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во соопштение објавено денеска.

Можете да прочитате

Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Администрацијата на Трамп намалува уште 450 милиони долари од финансирањето на Харвард