Утрински Весник
Култура

Халки и неговите авантури обезбедија нова донација за децата од СОС Детското село

Халки и неговите авантури обезбедија нова донација за децата од СОС Детското село

Слончето Халки и неговите авантури раскажани во илустрираната приказна „Сликовницата на Халки“ обезбедија нова донација за СОС Детското село. Целокупниот приход од продажбата на оваа сликовница во текот на 2022 година Халкбанк АД Скопје го донира како новогодишен подарок на децата и младите згрижени во СОС Детското село Скопје. Оваа активност е дел од долгорочната соработка помеѓу банката и една од најпосветените организации за поддршка на децата без родителска грижа.

dobivaj vesti na viber

„За Халкбанк, важни се сите деца и токму затоа постојано правиме напори да обезбедиме еднакви услови за раст, развој и едукација на децата од СОС Детското село. Преку ‘Сликовницата на Халки’, од една страна, обезбедуваме квалитетна литература од домашни автори за нашите нови генерации, а од друга, ја поддржуваме мисијата на СОС Детското село“, изјави Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк.

Главна цел на „Сликовницата на Халки“ е да ги поттикне децата редовно да читаат книги, но и да се научат на вредности, како што се заштита на животната средина, дружење во природа, прифаќање на лицата со посебни потреби и стекнување навики за штедење. Во изминатата една и пол година оваа сликовница им беше подарена на неколку илјади ученици од целата држава. Со цел да биде достапна за што е можно поголем број деца, сликовницата е издадена на македонски, албански и на турски јазик. Сликовницата се обработуваше како дел од наставата во голем број основни училишта во државата. Како дел од своите активности за промовирање на читањето, Халкбанк го донира изданието во повеќе од 20 библиотеки во Македонија.

Халкбанк ја издаде сликовницата во соработка со Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Минатата година „Сликовницата на Халки“ го доби признанието за поттикнување општествена одговорност, кое го доделува Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) во рамките на Саемот на книгата во Скопје.

Својата општествена одговорност Халкбанк ја покажа и преку поддршката на ракометниот спектакл „Сите ѕвезди“, кој се одржа на 3 јануари, а средствата од продажбата на билетите беа наменети за СОС Детското село Скопје.

Доколку сакате да помогнете и да ја поддржите работата на СОС Детското село, може да донирате средства со купување на „Сликовницата на Халки“ на следниот линк.

ПР

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“