Утрински Весник
Економија

Халк осигурување го претстави новиот управен одбор

Халк осигурување го претстави новиот управен одбор

Пред завршувањето на 2022 година компанијата за неживотно осигурување Халк Осигурување АД Скопје го претстави својот Нов Управен Одбор во кој членуваат Ило Ристовски – Претседател на Управен Одбор и Генерален директор на Халк Осигурување АД Скопје, Селин Шакарер и Игор Доневски членови на Управниот Одбор на компанијата. Секој од членовите на Управниот одбор има најмалку 20 годишно искуство во областа на осигурителната дејност, со јасна визија и стратешки пристап кон работењето на Халк Осигурување АД Скопје во иднина.

dobivaj vesti na viber

Во претстојниот период осигурителната компанија најавува нови продукти и услуги, зголемување на пазарното учество, проширување и јакнење на продажната мрежа на ниво на цела Македонија, професионален и транспарентен пристап во работењето со клиентите како и адекватно и навремено исплаќање на оштетните побарувања.

Во доста комплексно време на функционирање на целиот бизнис сектор, како и во една од поголемите финансиски кризи со кои се соочува светот, новите стратешки цели кои ги постави Новиот менаџмент на Халк Осигурување АД Скопје влеваат доверба и сигурност за стабилност на функционирањето на компанијата во иднина.

ПР

Можете да прочитате

Мицкоски: Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи

ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

Трипуновски: Земјоделците, задругите и преработувачите да ја поддржат кампањата „Македонско најдобро”