Утрински Весник
Балкан

Хакерски напад врз Клиничко-болничкиот центар Загреб

D0b1d0b8 D0b1d0b8 D181d0b8 D0bfd0b8d180d0b0d182d181d0bad0b8d182d0b5 D0b8d0b3d180d0b8 D181d0bed0b4d180d0b6d0b0d182 D0b2d0b8d180d183d181 63d96c642be61.jpeg

Поради хакерски напад што се случил рано утрово, сите информациски системи во Клиничко-болничкиот центар Загреб се исклучени, но новонастанатата ситуација нема да ги загрози пациентите, соопштија од здравствената установа.

„Поради оваа причина бевме приморани да ги исклучиме сите системи заради дополнителни проверки и ќе ги вратиме во функција кога ќе се увериме во нивната исправност.

Оваа ситуација нема да ги загрози пациентите во КБЦ Загреб“, соопштија од установата, пренесува Хина.

Хакерскиот напад врз болницата се случи еден ден по ДДоС нападот врз неколку интернет страници на хрватски институции, меѓу кои и Министерството за финансии, Даночната управа, Хрватската народна банка и Загрепската берза, кои повторно проработеа синоќа околу 20 часот.

Можете да прочитате

Вучиќ го посети повредениот полицаец, му честиташе за неговата смиреност и храброст

Во Белград уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување

Пленковиќ: Целта на резолуцијата за Јасеновац е да се нарушат односите меѓу Хрватска и Црна Гора