Утрински Весник
Свет

Хакери упаднаа во пензиските фондови на Австралија

Haker.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хакери извршија координирани напади врз најголемите пензиски фондови во Австралија, при што се украдени заштедите на некои членови, а над 20.000 сметки се компромитирани.

Националната координаторка за кибер-безбедност, Мишел МекГинес, изјави дека напаѓачите упаднале во пензискиот сектор вреден 4,2 милијарди австралиски долари (2,4 милијарди евра) и дека се преземени итни мерки за одговор.


Според податоците на Австралиското здружение на пензиски фондови, за време на викендот биле нападнати неколку фондации. Компаниите AustralianSuper, Australian Retirement Trust, Rest, Insignia и Hostplus потврдија дека биле цел на нападите.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека владата е информирана за инцидентот и ќе реагира соодветно. Тој додаде дека вакви напади се случуваат редовно во Австралија, „на секои шест минути“.

Можете да прочитате

Масовен прекин на струја во Киев по ноќниот напад

Швајцарската армија не е подготвена за големи напади

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати