Утрински Весник
Магазин

Хајли и Џастин Бибер добија син кој ќе има уникатно име

Dzastin Biber Bebe.webp.webp

Хајли и Џастин Бибер станаа родители, откако објавија дека им се роди син кој ќе се вика Џек Блуз Бибер.

„Добредојде дома“ напишаа новопечените родители покрај фотографијата од стапалата на бебето кое ќе се вика Џек Блуз Бибер. Манекенката и пејачот примија бројни честитки за оваа вест од останати познати личности, но и од нивните фанови.

Тие за бременоста објавија пред три месеци, а Хајли тогаш изјави дека се одлучиле јавно да споделат дека чекаат беше, поради притисокот и стресот од криењето на бременоста од јавноста.

„Веројатно можев да ја кријам бременоста до крајот, но ќе ми беше стресно да не можам јавно да уживам во бременоста. Сакав слободно да го живеам својот живот“ изјави тогаш Хајли.

Можете да прочитате

„Берлинале“ 2026: Мишел Јео ја доби „Златната мечка“ за животно дело

Анџелина Џоли отворено проговори за лузните од мастектомија: „Го направив тоа за моите деца“

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смее да јаваат магариња на Санторини