Утрински Весник
Свет

Хјуман рајтс воч: Руските сили незаконски апселе и измачувале жители на Херсон

Хјуман рајтс воч: Руските сили незаконски апселе и измачувале жители на Херсон

Руските сили незаконски приведувале и измачувале жители на Херсон и околината за време на окупацијата на таа област во периодот меѓу март и ноември 2022 година, објави меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), цитирајќи нови докази.

dobivaj vesti na viber

„Руските окупаторски сили извршија ужасни измачувања и други злоупотреби врз жителите на Херсон“, вели Јулија Горбунова, висок украински истражувач во ХРВ.

Во последниот извештај создаден врз основа на сведоштвата на 34 лица објавен денеска, ХРВ утврдил дека луѓето биле измачувани во притворската зграда на улицата „Теплоенерхетикив“ во Херсон, која локалните жители ја нарекуваат „дупка“,во затворот на во Перекопската улица, како и во импровизирани објекти во зградите на општинската администрација, во едно селско училиште и во еден аеродромски хангар.

Жителите на Херсон кои сведочеле за малтретирањето посочиле дека тоа вклучувало претепувања со стапови и гумени палки, измачување со струја, закани со смрт или осакатување и употреба на болни пози под стрес, посочува ХРВ, додавајќи дека на приведените не им била укажана соодветна медицинска нега.

Меѓу сведоците се 12 поранешни притвореници и 10 членови на нивните семејства кои раскажуваат дека приведените биле измачувани или дека сведочеле на тортура на други притвореници, што во три пријавени случаи резултирало со смрт на притворениците.

ХРВ истакнува дека руските трупи во Херсон прифатиле сличен модел во нивното однесување кон цивилите за време на окупацијата кој вклучувал претреси на станови, одбирање еден или двајца од станарите и нивни апсење под различни обвиненија и притварање во еден од повеќе од 20 притворскии центри во и околу Херсон.

„Пет месеци поминаа од повлекувањето на руските сили од Херсон и околните области, ние сè уште ја „гребеме површината“ на злосторствата што тие ги извршија, а третманот на сите украински цивили во окупираните области е сè поалармантен,“ предупредува Горбунова.

„Хјуман рајтс воч“ потсетува дека намерното малтретирање, тортура или убивање цивили или воени заробеници, намерно предизвикување страдање или сериозни повреди или нивно незаконско депортирање или преместување е воено злосторство.

„Одговорните за овие ужасни дејства не смеат да останат неказнети, а жртвите и нивните семејства треба да добијат отштета за своите маки и за понудените информации за оние кои се уште се водат за исчезнати“, нагласи Горбунова.

И украинските власти истражуваат случаи на незаконско притворање, тортура и друго малтретирање во Херсон и околниот регион за време на руската окупација, каде што, според проценките на Еуген Терешенко, обвинител во Единицата за воени злосторства за регионот Херсон, има 4.000 до 5.000 регистрирани случаи на приведени цивили, но реалниот број може да е поголем, пренесува „Радио Слободна Европа.“

Меѓународната истражна комисија во Украина, поддржана од Обединетите Нации, во извештајот објавен на 16 март наведе дека Русија во голем обем ги прекршила одредбите од меѓународноите закони за човекови права и хуманитарните норми и дека дел од тие прекршувања претставуваат воени злосторства.

Главната препорака на комисијата беше дека „сите прекршувања и злосторства треба да се истражат и одговорните да одговараат, без разлика дали на национално или меѓународно ниво“.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина