Утрински Весник
Свет

Хјуман рајтс воч: Кина менува стотици имиња на села за да ја избрише ујгурската култура

20240620084144 Big 730x400 6.webp.webp

Кина ги променила имињата на стотици села во регионот Синџијанг со цел да ја избрише муслиманската ујгурска култура, соопшти организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ).

Во извештајот на ХРВ се наведува дека имињата на стотици села поврзани со ујгурската религија, историја или култура биле променети меѓу 2009 и 2023 година. Во последните години кинеските власти радикално го реорганизираа општеството во Синџијанг во обид да го асимилираат малцинското ујгурско население во кинеската култура, пишува Би-Би-Си, пренесува МИА.

Истражувачите од ХРВ и норвешката организација Ујгур Хелп ги проучувале имињата на села во Синџијанг од веб-страницата на кинеското Национално биро за статистика во период од 14 години.

Откриле дека имињата на 3.600 од 25.000 села во Синџијанг биле променети во тоа време.

Според ХРВ, иако повеќето од тие промени се „навидум секојдневни“, околу една петтина, или 630 промени, ги отстрануваат референците на ујгурската религија, култура или историја.

Зборови како „султан“, „олтар“, „оџа“, „бег“ исчезнуваат од имињата на местата и се заменуваат со термини што ја одразуваат идеологијата на Комунистичката партија, како што се „хармонија“ и „среќа“…

Во Кина има околу 20 милиони муслимани.

Можете да прочитате

Вечерва прва дебата меѓу Бајден и Трамп

Илјадници англиски лекари штрајкуваат непосредно пред парламентарните избори на 4 јули

Вирусот Мпокс се заканува да се шири низ целиот свет