Утрински Весник
Магазин

Хју Џекмен и 13 години помладата сопруга на настан во Њујорк

Хју Џекмен и 13 години помладата сопруга на настан во Њујорк

Тие се еден од најсилните парови во Холивуд.

dobivaj vesti na viber

Хју Џекмен (54) и сопругата Дебора Ли Фарнес (67) светлината на рефлекторите на премиерата на ром-ком акциониот филм Ghosted во Њујорк ја насочија кон себе.

Таблоидите коментираат дека изгледаат повљубено од кога и да е. Двајцата насмеани им позираа на фотографите додека чекореа по црвениот тепих и им мавтаа на фановите држејќи се за раце.

Тие неодамна ја прославија 27-годишнината од бракот. По тој повод актерот ѝ посвети објава на „Инстаграм“ на својата сопруга. „Те сакам, Деб. Денес е 27-годишнина од нашата венчавка. Те сакам многу. Заедно создадовме прекрасно семејство. Лојалноста ми е неверојатен подарок. Те сакам со целото мое срце“, напиша тој во описот на фотографијата.

Хју еднаш откри дека тајната на нивниот среќен брак е интимноста. „Луѓето веднаш претпоставуваат дека тоа е спалната соба. Се разбира, тоа е точно, но мислам на таа интимност кога можете да споделите сè заедно: добрите работи, лошите работи, стравовите и успехот“, изјави тој за „Пипл“ во една пригода.

Парот се запозна во 1995 година на снимањето на серијата „Корели“. Се венчаа една година потоа, а бидејќи не можеа да имаат деца, решија да ги посвојат, па денес ги имаат 22-годишниот Оскар и 17-годишната Ава.

Можете да прочитате

Експертите предупредуваат на драматичен пораст на онлајн експлоатацијата на деца

Шакира носеше фустан со 200.000 кристали на финалето на Светското првенство

Сините патувања меѓу најпознатите туристички трендови: Туркије ги открива најубавите рути на Егејот и Медитеранот