Тие се еден од најсилните парови во Холивуд.
Хју Џекмен (54) и сопругата Дебора Ли Фарнес (67) светлината на рефлекторите на премиерата на ром-ком акциониот филм Ghosted во Њујорк ја насочија кон себе.
Таблоидите коментираат дека изгледаат повљубено од кога и да е. Двајцата насмеани им позираа на фотографите додека чекореа по црвениот тепих и им мавтаа на фановите држејќи се за раце.
Тие неодамна ја прославија 27-годишнината од бракот. По тој повод актерот ѝ посвети објава на „Инстаграм“ на својата сопруга. „Те сакам, Деб. Денес е 27-годишнина од нашата венчавка. Те сакам многу. Заедно создадовме прекрасно семејство. Лојалноста ми е неверојатен подарок. Те сакам со целото мое срце“, напиша тој во описот на фотографијата.
Хју еднаш откри дека тајната на нивниот среќен брак е интимноста. „Луѓето веднаш претпоставуваат дека тоа е спалната соба. Се разбира, тоа е точно, но мислам на таа интимност кога можете да споделите сè заедно: добрите работи, лошите работи, стравовите и успехот“, изјави тој за „Пипл“ во една пригода.
Парот се запозна во 1995 година на снимањето на серијата „Корели“. Се венчаа една година потоа, а бидејќи не можеа да имаат деца, решија да ги посвојат, па денес ги имаат 22-годишниот Оскар и 17-годишната Ава.