Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Хју Џекмен ја изнајмува својата луксузна куќа за 155.000 евра месечно

Хју Џекмен ја изнајмува својата луксузна куќа за 155.000 евра месечно
Img 7972

Актерот Хју Џекмен и неговата сопруга, актерката Дебора-Ли Фурнес, за зима ја изнајмуваат својата хациенда во резортот Ист Хемптон во државата Њујорк, пишува „Њујорк пост“.

dobivaj vesti na viber

Нивната летна резиденција има пет спални соби и пет бањи, одвоена куќа за гости, сала за вежбање, киносала, базен, џакузи, кујна и трпезарија. Цената за изнајмување на оваа луксузна куќа е 166.666 долари месечно (155.000 евра).

Двојката ја купи куќата во 2015 година за 3.5 милиони долари. Ја реконструираа шест години за да го изградат својот дом од соништата. Имотот се наоѓа веднаш до брегот на Атлантикот.

Во август минатата година, парот потроши 22.1 милиони долари за гламурозен пентхаус во Њујорк, а се продава и нивниот објект со три независни резиденции во Вест Вилиџ, за која бараат 38.9 милиони долари.

Иако Хју и неговата сопруга очигледно се фрлија во бизнисот со недвижнини, тој не ја запостави ниту својата актерска работа. Тој ќе го глуми Вулверин во третиот дел на Deadpool, чија премиера е најавена за 8 ноември 2024 година.

Можете да прочитате

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)

Осумнаесет години без Тоше – ја обедини Македонија со својот глас и со своето големо срце

Неочекувани вести за еден знак: Дневен хроскоп (16.10.2025)