Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Не можеме да зборуваме за борба за титулата, ние страдаме оваа сезона

Untitled 20.jpg

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по разочарувачкиот резултат во 15. коло од Премиер лигата изјави дека не ни размислува за одбрана на титулата. Шпанскиот стручњак тврди дека проблемите во играта ја оневозможуваат потерата по трофеи, но и дека нема што да им замери на фудбалерите.

Шампионот на Англија е во голема криза. Манчестер Сити не победи ниту еден натпревар во текот на ноември. На последните девет натпревари во сите натпреварувања, Сити забележа само една победа.

Во Лондон, против Кристал Палас, Сити одигра 2.2.

Запрашан за амбициите по низата лоши резултати, Пеп по ремито со Кристал Палас откри дека е повеќе посветен на отстранување на недостатоците отколку на она што ќе се случува до крајот на сезоната.

„Освоивме бод. Се боревме неверојатно тешко и се враќавме двапати. Ова е сезона на страдање. Ќе видиме што ќе се случи во декември. Се обидовме да победиме, честитки за противникот“, изјави по мечот Шпанецот и додаде:

„Не можеме да зборуваме за борба за титулата кога губиме четири натпревари по ред и не победуваме редовно. Тешко е да се биде во ситуацијата во која се наоѓа Сити. Задоволен сум од играчите, се бореа и дадоа максимум“.

Клубот од „Етихад“ се наоѓа на четвртото место во табелата во Премиер лигата со 27 бодови, осум помалку од лидерот Ливерпул. „Црвените“ имаат одиграно и натпревар помалку бидејќи „дербито на Мерсисајд“ беше одложено поради лошите временски услови.

Можете да прочитате

Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

НБА куп: Оклахома го елиминира Далас, Милвоки го победија Орландо

Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута го победи Интер, Брест е сензацијата во ЛШ