Манчестер Сити, во среда ќегостува во Минхен кај баерн, во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Сити првиот меч го добија со убедливи 3:0.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е сигурен дека играчите на Баерн ќе одиграат над своите можности во реванш.
„Ќе играат како да е финале во Лигата на шампионите. Знам што зборувам, бидејќи тоа е врвен клуб. Ако сме пасивни, ќе страдаме. Важни се дуелите на средината на теренот“, изјави Гвардиола.
Тој потоа ја коментираше тепачката меѓу играчите на Баерн Садио Мане и Лерој Сане во соблекувалната по натпреварот во Манчестер.
„Понекогаш е потребен конфликт за да се подобрат работите. Тоа за нив значи предност во однос на нас, прилично сум сигурен. Совршено го познавам тој клуб“, изјави Гвардиола, кој беше тренер на Баерн од 2013 до 2016 година.
Манчестер Сити викендов на домашен терен го победи Лестер со 3:1 во 31. коло од Премиер лигата. Пред два дена Баерн на домашен терен играше без победник со Хофенхајм, 1:1 во натпреварот од 28.коло во Бундес лигата.