Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Белгород: „Бев на удар на украински гранати, не можев да излезам од автомобилот“

Гувернерот на Белгород: „Бев на удар на украински гранати, не можев да излезам од автомобилот“

Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, синоќа преку „Телеграм“ објави дека бил на удар на украински гранати во градот Шебекино, кој, како што рече, бил граѓан пет пати во текот на денот.

dobivaj vesti na viber

„Успеав да влезам во Шебекино дури во вториот обид. Првиот пат кога се обидовме да влеземе, бевме нападнати. Не можев да излезам од автомобилот. На улицата до нас паѓаа гранати“, изјави Гладков, пренесе ТАСС.

Претходно Гладков објави дека еден цивил загинал, а двајца малолетници и еден маж биле ранети во украинското гранатирање на областа Шебекино во Белгородската област, која се наоѓа на границата со Украина.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати