Утрински Весник
Свет

Гутереш: Отфрлањето на решението за две држави од страна на Израел е неприфатливо

Img 8219

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека е неприфатливо израелската влада да го отфрли решението за две држави.

„Повтореното отфрлање на решението за две држави на највисоко ниво на израелската влада е неприфатливо“, рече Гутереш на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Појасот Газа.

Тој побара итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

Тој посочи дека ништо не може да го оправда „намерното убивање, ранување или киднапирање на цивили“, како и сексуалното насилство и неселективно лансирање ракети кон нив.

Гутереш изјави дека Израел предлага двомесечна пауза во борбите во замена за „постепено ослободување“ на преостанатите заложници во Газа, според веб-страницата на ОН.

-Ќе продолжам, со ограничени капацитети, да вложувам максимални напори да придонесам за нивно ослободување“, рече генералниот секретар на ОН.

Тој изјави дека целото население на Газа трпи „уништување од размери и брзина без преседан во поновата историја“ и нагласи дека ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ.

Гутереш го повтори апелот за итно ослободување на заложниците и хуманитарен прекин на огнот.

„Ова ќе обезбеди доволна помош да стигне таму каде што е потребна, ќе го олесни ослободувањето на заложниците и ќе помогне да се намалат тензиите на Блискиот Исток“, рече генералниот секретар на ОН.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме