Утрински Весник
Свет

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Guteresh.webp.webp

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека израелската воена офанзива врз Рафа, град на југот од Појасот Газа, ќе биде неподнослива ескалација на ситуацијата во регионот.

-Воен напад врз Рафа би претставувал неподнослива ескалација, бидејќи уште илјадници цивили би биле убиени, а стотици илјади луѓе ќе мора да побегнат, изјави Гутереш пред новинарите во ОН, барајќи од израелските власти да не го прават тоа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денеска изјави дека планира да го нападне Рафа без разлика дали ќе биде постигнат договор за прекин на огнот со палестинското движење Хамас или не.

Гутереш, исто така, изрази длабока загриженост поради откривањето на масовните гробници во двете главни болници во Појасот Газа и повика на независна истрага.

-Императив е независните меѓународни истражители да добијат дозвола за директен пристап до локациите за да се утврдат точните околности во кои Палестинците ги загубија животите и беа погребани, кажа генералниот секретар на ОН.

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ