Утрински Весник
Магазин

Гугл подготвува одлична нова опција „Заокружи и пребарај“

Img 8018
Dik 300x250 mk

Гугл најави нов начин на пребарување на телефоните со Android, наречен „Circle to Search“. Функцијата ќе им овозможи на корисниците да пребаруваат од која било апликација на нивниот телефон со заокружување, прецртување или допирање на она што ги интересира.

Како што објаснуваат од Гугл, целта е да се направи интеракцијата со пребарувањето на Гугл поприродна – на пример, кога гледате видео или фотографија во апликација или праќате пораки со пријателите.

Ако пишувате за ресторан, само кликнете на името на ресторанот за да видите повеќе детали за него или поминете низ низа зборови за да ја претворите низата во пребарување.

Кога сте заинтересирани за нешто визуелно на екранот, можете да го заокружите и да пребарувате на тој начин. На пример, Гугл предлага да можете да ги заокружите очилата за сонце што ги носи некоја позната личност, а потоа тие автоматски да се претворат во пребарување, без да морате да влегувате во апликацијата Гугл посебно.

Резултатите од пребарувањето што ќе ги видат корисниците ќе се разликуваат врз основа на нивното барање и производот на Google Labs што ќе го изберат.

За едноставно пребарување на текст, може да видите традиционални резултати од пребарувањето, додека барањето што комбинира слика и текст — или „multsearch“, како што го нарекува Гугл, користи генеративна вештачка интелигенција.

 

Можете да прочитате

Потребни се донации: Двајцата родители останале без работа, а имаат 9 месечно бебе и се во многу лоша состојба

Славски колач за Света Петка – црковен рецепт стар со векови

Кога треба да ставиме зимски гуми