Утрински Весник
Скопје

ГТЦ и Градска болница останаа без вода

Whatsapp Image 2024 11 14 At 11.30.17.jpeg

Дефект го прекина водоснабдувањето во центарот на Скопје – без вода стара Градска болница, ГТЦ и повеќе улици.

Голем дефект на водоводната мрежа на улицата Филип Втори, пред хотелот „Холидеј ин“, утрово остави дел од центарот на градот без вода. Од 9 часот, без водоснабдување се Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Градскиот трговски центар, како и објектите на потегот од Собранието до хотелот „Холидеј ин“, вклучувајќи ги и улиците Кеј 13 Ноември, Мирче Мацан и Мирче Ацев.


Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, но се уште нема точна проценка колку долго ќе траат поправките, ниту кога потрошувачите повторно ќе добијат вода.

Апел за трпение и следење на информации

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и да ја следат нивната официјална комуникација, каде ќе бидат објавени сите нови информации поврзани со нормализацијата на водоснабдувањето

Можете да прочитате

Герасимовски: Згради со 20 стана имаат само седум паркинг-места, последиците ги трпат граѓаните

Герасимовски: Град Скопје со години доцни со новиот Генерален урбанистички план

Промовирана платформата „ЕкоСкопје“, полесно ќе може да се пријавуваат еколошки проблеми