Утрински Весник
Македонија

Груби се смееше оти антикорупциската ќе бара одговорност од него што Ахмети користи министерство за партиски средби

Ахмети нa средба со британскиот амбасадор: Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината
Dik 300x250 mk

Вицепремиерот Артан Груби не гледа ништо спорно што претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во просториите на Министерството за политички систем си остварува партиски средби. Смета дека реакцијата на антикорупциската комисија е бидејќи тие не ги добиле просториите што требало да ги имаат, а каде што се всели министерството со кое раководи тој.

dobivaj vesti na viber

„Изгледа како мал непребол оти не ги добија тие простории. Ахмети е пратеник во Собранието, јас сум во секојдневен контакт со него, така што има реализирано средби и дел од парламентарното мнозинство, владината коалиција. Не гледам голема одговорност. Но, ако е толку голем проблем, ќе гледаме да не се повторува“, посочи Груби.

Антикорупциската најави дека ќе упати укажување до заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, за прекршување на етичкиот кодекс.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!