Утрински Весник
Македонија

Груби навреди кон новинарка од директорот на топланата „Скопје-Север“, Куштрим Рамадани

Груби навреди кон новинарка од директорот на топланата „Скопје-Север“, Куштрим Рамадани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата „Скопје-Север“, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк, информира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

dobivaj vesti na viber

„Во телефонски разговор помеѓу колешката Додевска и директорот Рамадани, поврзан со тема околу дозволите на оваа топлана, Рамадани на груб начин со недоличен речник ја пцуе новинарката со зборовите Пи*ка ти материна…матер ти е*ам! ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е недозволив и непримерен. Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос може да води кон самоцензура. Ваквиот однос претставува и притисок на слободата на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес“ се вели во соопштението на ЗНМ.

Оттаму посочуваат дека „директорот Рамадани, според разговорот објавен на Мкд.мк, се заканува со тужба на новинарката Додевска без никаква основана причина што дополнително говори за нискиот капацитет за професионална комуникација“.

 

Можете да прочитате

Тетовци сакале да лажираат сообраќајка, полицијата им поднесе кривични пријави

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Поштa

Со 2,44 промили возел пијан низ Кичево