Утрински Весник
Македонија

Груби го нема, ДУИ се оградува, Мицкоски не верува дека е чист како солза

Artan Grubi 750x430 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Косово или Албанија, каде во моментов се наоѓа екс вицепремиерот Артан Груби е прашањето што деновива си го поставува македонската политичка јавност.

„Чист сум како солза“ напиша пред некоклу денови Груби и оттогаш од него нема ни трага ни глас.


Груби се најде на меѓународна потерница а набрзо потоа од него се откажа и неговата матична партија – Демократската унија за интеграција.

„Нема веќе да ги коментираме прашањата за неговото бегство, затоа што Груби веќе не е дел од партијата“ кажаа од ДУИ.

Во меѓувреме, запрашан за коментар за отуството на Груби, премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека не сакал да шпекулира за тоа каде е бегалецот Груби.

„Не би шпекулирал дали поранешниот вицепремиер Артан Груби е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил чист како солза. Ако бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност“ рече Мицкоски.

За бегството на Груби во Косово до овој момент поднесена е кривична пријава за граничниот полицаец кој го има пропуштено иако во тој момент за Груби имало мерка „постапи и задржи“ односно веќе бил баран со потерница во моментот кога ја минувал границата.

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните