Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Груби – Гир: Уставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес

Груби – Гир: Уставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес
300x250 opst2

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска беше домаќин на шефот на мисијата на Европската Унија во земјата, амбасадорот Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за декларацијата за поддршка на невладините организации бидејќи таа продолжува од страна на Владата.

Процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции, како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија.

Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше и дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките што во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус од сите политички и општествени фактори.

Груби и Гир разговараа и за внатрешнополитичките настани во земјата, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведувањето на реформите.

Можете да прочитате

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ

Поранешен сопруг ја следел и вознемирувал жената две години, ОЈО бара притвор