Утрински Весник
Македонија

Гром удри во СЦ „Јане Сандански“, меч од СП мораше да се доигрува во „Борис Трајковски“

Korea Danska Rakometarki.jpg

Македонија е домаќин на Светското првенство за ракометарки во 20 години, а РФМ како организарот се соочи со еден неочекуван проблем и тоа поради лошите временски услови во Скопје.

Имено гром удрил во генераторите на СЦ „Јане Сандански“ по што салата останала без струја, информираа од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Ова се случило за време на дуелот меѓу Данска и Јужна Кореја, па покрај сите напори проблемот да биде надминат, решен тоа не се случи и донесено е решение вториот дел од мечот да се доигра во СЦ „Борис Трајковски“.

Јужна Кореа го доби овој втор дел со 11-10, меѓутоа скандинавките на крајот славеа со вкупни 29-23.

Можете да прочитате

Додека пожари пустошат – деца се ладат во загадениот Вардар кај Керамидница

Ангелов: Пожарот кај фабриката Самоков е активен, но нема опасност по објектот

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите