Утрински Весник
Свет

Гром удри десетгодишно дете на плажа во Австралија

Гром удри десетгодишно дете на плажа во Австралија

Десетгодишно дете било погодено од гром на плажа во близина на Волонгонг. Службата за брза помош во Нов Јужен Велс соопшти дека несреќата се случила откако невреме ја погодило областа, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Болничарите биле на местото на настанот и го реанимирале малото момче. Од полицијата велат дека детето го преживеало ударот на гром, но дека сè уште е под опсервација. Австралиското биро за метеорологија издаде предупредување за силна бура за големи делови од источен Нов Јужен Велс, вклучително и области околу Волонгонг.

Можете да прочитате

Се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија

Франција испраќа оклопни возила во Бејрут

Трамп бара Нетанјаху да биде помилуван