Утрински Весник
Македонија

Грковска – Задиќ: Корупцијата е проблем во сите држави, неопходен е ефикасен механизам

Грковска – Задиќ: Корупцијата е проблем во сите држави, неопходен е ефикасен механизам

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се сретна со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, со која разговараа за потребата секоја држава да има ефикасен и независен правосуден систем.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Австрија и ја дава на нашата држава, во рамките на нашиот евроинтеграциски пат, која е особено значајна во процесот на реформите кои нашата држава треба да ги спроведе за да ги исполни критериумите на Европската Унија.

Соговорничките разменија искуства и за начинот на кој функционира правосудниот систем во двете земји, пришто беше истакнато дека треба да се воспостави одржлив систем, кој ќе дава резултати и кој нема да зависи од личности.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека изборот на судии и обвинители мора да биде транспарентен, а одлучувачки да бидат квалитетот, знаењето, искуството и интегритетот на избраните лица.

Заедничка беше констатацијата дека сите држави се соочуваат со корупцијата, но важно е секоја држава да изгради ефикасен механизам кој ќе ја сведе корупцијата на најниско ниво.

Вицепремиерката Грковска информираше за надлежностите на нејзиниот Кабинет за политики за добро владеење, кој освен што е посветен на креирање на антикорупциски политики, на дигитална трансформација на општеството и на градење на професионални, отчетни и ефикасни институции, посебно е фокусиран на младите.

Министерката Задиќ ја поздрави одлуката на Северна Македонија и на вицепремиерката Грковска да посвети значајно внимание на политиките за добро владеење. Таа додаде дека улогата на жените и на младите во промените во општеството е клучна.

Можете да прочитате

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме