Утрински Весник
Македонија

Грковска-Тунјан: Поддршката на СИГМА за нас е многу значајна, усогласувањето на платите во државните институции е врвен приоритет

Грковска-Тунјан: Поддршката на СИГМА за нас е многу значајна, усогласувањето на платите во државните институции е врвен приоритет
Dik 300x250 mk

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше средба со претставници од СИГМА/ОЕЦД предводени од Баграт Тунјан, задолжен за соработката меѓу СИГМА и Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Грковска изрази благодарност за поддршката што СИГМА ја дава на нашата држава, особено во делот на дефинирање на Националната стратегија за реформи во јавната администрација, соработката со генералниот секретаријат на Владата во делот на стратешкото планирање, како и за реформите во менаџирањето на јавните финансии.

Делегацијата од СИГМА ја информираше вицепремиерката Грковска за стручната поддршка што ја даваат за процесот на усогласувањето на платите кај администрацијата и државните институции и дефинирање на критериумите по кои се исплаќаат платите. За таа цел веќе е формирана работна група која ја сочинуваат претставници на Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, како и Генералниот секретаријат на Владата.

Грковска нагласи дека овој процес е многу важен и дека Владата е одлучна во заложбата да се дефинираат критериумите врз основа на кој ќе се утврдуваат платите во државните институции.

Во однос на останатите проекти вицепремиерката Грковска нагласи дека е многу важно сите процеси да бидат добро координирани, за да нема преклопување.

Можете да прочитате

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ

Уапсен несовесниот возач кој прегази 79-годишна жена и избега

Подгответе се: Се очекуваат обилни врнежи и силен ветер, од утре пад и на дневната температура