Утрински Весник
Македонија

Грковска: Очекувам правдата да биде еднаква за сите

Грковска: Очекувам правдата да биде еднаква за сите

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска организираше Тркалезна маса на тема „(Зло) Употреба на институтот спогодување за вина и признание “, на која учествуваше министерот за правда Никола Тупанчески, како и судии, јавни обвинители, адвокати, универзитетски професори и претставници на граѓански организации.На расправата Грковска ја нагласи потреба во јавноста да се отвори прашањето за институтот спогодување за вина и признание, институт кој повеќе години постои во нашиот правен систем, но последниов период предизвика сериозно внимание во јавноста.„Нема да бидам политички коректна, ја споделувам разочараноста со граѓаните кои  со право очекуваат правдата да биде еднаква за сите, без разлика дали се сиромашни или богати, дали се политичари или бизнисмени кои што сметаат дека со пари може да се купи сé. Мојата филозофија на работење е дека сите ние ја споделуваме одговорноста за состојбите во државата, секој во својата област. Независноста на институциите, која доаѓа од законите и Уставот треба да биде дополнителна одговорност, а не да се користи како параван за самоволие, без да се води грижа како тоа ќе се рефлектира на целото општество. Уште повеќе сум загрижена како ваквите пораки влијаат врз младите и како тие го доживуваат ваквото однесување“ – рече Грковска.Учесниците на расправата ја поздравија иницијативата на вицепремиерката Грковска јавно да се отвори прашањето за употребата на институтот спогодување, кој во нашето законодавство е имплементиран по препорака на Советот на Европа. Беше констатирано дека не може да се каже дека од досегашната примена сите искуства се негативни, но како што нагласија дел од говорниците, општата перцепција е дека има одредени злоупотреби.На конференцијата воведно обраќање имаше и министерот за правда Никола Тупанчески, кој најави дека забелешките од расправата ќе бидат земени предвид од страна на работната група, која во Министерството за правда веќе работи на измени на Законот за кривична постапка.

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Бујар Османи до Мицкоски: Немаш ни план, ни визија, ни храброст, ниту пак си лидер!

Обвинет Нино Васев и четири доктори за “Онкологија” – 29 пациенти примале несоодветна терапија или не ги добивале сите дози

Костадинов: Кога Владата тера инает, самите ќе си вработиме кадар во градинките