Утрински Весник
Македонија

Грковска – Ковачич: Само силни и ефикасни институции даваат резултати во борбата против организираниот криминал

Грковска – Ковачич: Само силни и ефикасни институции даваат резултати во борбата против организираниот криминал
300x250 (7)

„За ефикасно справување со нелегалните финансиски текови и организираниот криминал неопходно е Северна Македонија да го донесе Законот за потекло на имот, кој ќе овозможи конфискација на нелегално стекнатиот имот“, беше заклучено на денешниот состанок на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска која денеска одржа средба со делегација на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) предводена од Марина Ковачич, лидер на компонентата за нелегални финансиски текови.

dobivaj vesti na viber

Грковска се заблагодари на поддршката што ГИЗ ја дава во однос на подготовката на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиска истрага и конфискација на имот и на Националната комисија за доследна реализација на активностите од Акцискиот план.

300x250 (7)

Таа нагласи дека сите искуства и практики што нашите надлежни институции ги добиваат од меѓународните партнери и експерти потоа треба да бидат имплементирани во соодветните ресори, со цел да се застане на патот на нелегалните финансиски текови и организираниот криминал.

Беше нагласено дека Македонија е единствена држава во регионот што има подготвено и имплементира ваква Стратегија, а нејзината целосна имплементација ќе создаде ефикасен систем во борбата против корупцијата и криминалот.

Ковачич истакна дека регионот се соочува со многу слични предизвици и затоа регионалниот стратешки пристап е неопходен за соодветно да се одговори на корупцијата, нелегалните финансиски текови и организираниот криминал.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор