Утрински Весник
Спорт

Гризман блесна, Атлетико го „здроби“ Кадиз за второ место

Гризман блесна, Атлетико го „здроби“ Кадиз за второ место
Dik 300x250 mk

Антоан Гризман влезе во елитното друштво во историјата на Атлетико Мадрид, а да ги предводи до 5:1 победа над Кадиз за преземање на второто место во Ла лига пред градскиот ривал, Реал.

dobivaj vesti na viber

Французинот ја потврди својата форма со два гола во првото полувреме, во 2. и во 27. минута, за да стигне до 155 гола за „рохибланкос“, искачувајќи се на третото место на вечната листа, со само 17 помалку од легендарниот Луис Арагонес. Алваро Мората во 49. минута и Јаник Караско во 57. минута од пенал зголемија на 4:0, пред Кадиз да врати еден гол со фантастичниот удар на Чоко Лозано во 72. минута. Само минута подоцна Нахуел Молина врати за 5:1.

Хетафе пак, со голот на Енес Унал од пенал во 3. минута, стигна до важна 1:0 победа над Селта Виго, за да се израмни на 34 поени со Валенсија во неизвесната борба за опстанок.

ЛА ЛИГА, 33.КОЛО
Атлетико Мадрид – Кадиз 5:1
Хетафе – Селта Виго 1:0

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа