Утрински Весник
Спорт

Грилиш имал секс со девојката која подоцна била силувана во куќата на Менди

Грилиш имал секс со девојката која подоцна била силувана во куќата на Менди

Англиската фудбаска ѕвезда Џек Грилиш имал секс со девојка на забавата која се оддржувала во луксузниот дом на неговиот соиграч од Манчестер сити, Бенжамин Менди, по што таа била силувана од друг маж, се објави на судењето на Менди денеска.

dobivaj vesti na viber

Грилиш, наводно, имал секс со 23-годишната девојка, која потоа била сексуално нападната од Луис Саха Матури, вториот обвинет во случајот со силување на Менди. Тие се сретнале во „Чајна вајт“, ноќниот клуб во Манчестер, по што заминале во куќата на Менди. 28-годишниот Менди и 41-годишниот Матури се изјаснија како невини во повеќе случаи на силување и сексуален напад.

Според друга жена, која тогаш имала само 17 години, Менди ја силувал двапати во нејзиниот дом за време на забавата на која биле присутни пријателите на Менди, но и група пријатели на Грилиш од Бирмингем на 13 август 2021 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина