Утрински Весник
Спорт

Грем Потер одбил да стане менаџер на Лестер

Грем Потер одбил да стане менаџер на Лестер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грем Потер неславно ја заврши седму месечната авантура во Челси. Потер, по серијата лоши резултати, во неделата доби отказ.

dobivaj vesti na viber

Потер го презеде Челси на 8 септември минатата година, кога помалку изненадувачки, новиот газда, Тод Боли, реши да го отпушти Томас Тухел.

Потер, како што тврдат англиските медиуми, во ниту еден момент ја немал поддршката од играчите. Тоа се рефлектираше врз формата и резултатите. Челси се 11. во Премиер лигата.

Сега веќе екс-менаџерот на Челси, по отказот доби понуда од Лестер. Истито ден кога Челси го отпушти Потер, отказ во Лестер доби Брендан Роџерс. Планот на Потер е да одмори барем до крајот на оваа сезона.

Менаџерот на Потер експресно ја одбил понудата. Лестер е претпоследен со 25 бода, во минатото коло загуби од Кристал Палас со 2:1.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја