Утрински Весник
Балкан

Грција: Нови 24 случаи на вирусот Западен Нил, за една седмица починаа три лица

Images 4.jpeg

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, додека пак починале две лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 124, а регистрирани се вкупно 15 смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години.

Дополнително во изминатиот период постојат и три увезени случаи од Албанија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ.

Потврдени случаи на вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, има речиси во цела Грција, во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

Можете да прочитате

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари