
Грција ќе го стави на дневен ред спроведувањето на Преспанскиот договор на денешната средба во Атина помеѓу министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и македонски колега Тимчо Муцунски, пишува Екатимерини.

Од грчкото МНР велат дека се загрижени поради сè почестото избегнување на уставното име „Северна Македонија“ од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како и во одредени владини и спортски институции.
Дополнително, Грција посочува дека три билатерални меморандуми предвидени со Преспанскиот договор сè уште не се ратификувани во Атина, што претставува пречка за понатамошен напредок во односите.
И покрај неодамнешните примери на соработка – како грчката помош за повредените во трагедијата во Кочани и заедничките напори при гаснење пожари – Атина смета дека овие позитивни сигнали не ја анулираат потребата за стриктно спроведување на договорот.
Се очекува по средбата да следуваат изјави од двајцата министри за текот на разговорите и идните чекори.
извор 4news.mk