Утрински Весник
Македонија

Грчкото МНР реагира на изјавите на Мицкоски за името Македонија

Grcija 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој во јавен настап тврдел дека го „вратил името“ Македонија, бидејќи и лидерот на СДСМ почнал да ја нарекува така земјата место Северна Македонија.

„Потсетуваме дека уставното име на соседната држава е ‘Северна Македонија’, како што е јасно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор, на кој таа е страна. Преспанскиот договор е дел од Уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво. Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот нема да биде прифатен од грчката страна“, соопшти грчкото МНР.

Во реакцијата се нагласува дека Преспанскиот договор е дел од меѓународното право и дека неговото почитување е основа за добрососедските односи, како и за напредокот на билатералните односи и европскиот пат на Северна Македонија. Претходно, премиерот Мицкоски, одговарајќи на критиките од СДСМ дека не го исполнил ветувањето за поништување на Преспанскиот договор, во интервју за Сител изјави дека „името е вратено“, посочувајќи дека и лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во јавните настапи користи „Македонија“.

„Ги гледам, аха не можело на Мицкоски да му се верува, тој рече дека ќе го врати името, ќе го поништи (Преспанскиот) договор. Па, еве – го вративме. Па, дури и Венко, кому му беше устата полна со ‘северна’, сега користи Македонија“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Полициска акција во Штип – приведени службеници

Тетовец пријавен за закани кон полициски службеници во Гостивар

Утре променливо облачно време – 24info.mk