Утрински Весник
Балкан

Грчките земјоделци најавуваат продолжување и заострување на протестите

Zemjodelstvo.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчките земјоделци решија да продолжат со активностите и да ги заострат протестите во следните денови, објавија учесници на денешниот состанок на кој присуствуваа претставници на над 50 блокови од целата земја. Паралелно, повторно го одбија повикот од Владата за средба, јави дописничката на МИА од Атина. Претставниците нагласуваат дека блоковите функционираат како еден обединет фронт и дека не добиле суштински одговори од Владата за нивните барања. Тие се решени да продолжат со блокадите, дури и за време на Божиќ и Нова година ако е потребно.

Од утре, по 14 часот по локално време, се планирани нови блокади на патишта, автопати и споредни улици низ цела Грција, а не се исклучени и повеќечасовни блокади на граничните премини. Сепак, земјоделците соопштија дека ќе се обидат да не пречат на патувањата на граѓаните за празниците и веројатно во вторник ќе ги отворат патиштата и патарините. Нов состанок е закажан за вторник, кога ќе се донесат следни чекори.

Протестите започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба, како и скандалот со европските субвенции, а главното барање на земјоделците е исплатата на заостанатите субвенции.

Можете да прочитате

Полиција во Сплит заплени над 10.000 пиротехнички средства

Силен земјотрес вечерва го вознемири јадранскиот регион

Преку лажни профили како деца до порнографија – Осум уапсени во Србија