Утрински Весник
Македонија

Грчкиот суд ја отфрли тужбата против Центарот за македонски јазик: „Во иднина да се отворат приватни македонски училишта“

Грчкиот суд ја отфрли тужбата против Центарот за македонски јазик: „Во иднина да се отворат приватни македонски училишта“

Локалниот грчки суд во Леринско ја отфрлил тужбата против Центарот за македонски јазик. Веста ја потврдија од Обединетата македонска дијаспора – ОМД.

dobivaj vesti na viber

Според Стилијанос Самарцис, кој ја сподели веста на социјалните мрежи, „тоа беше пријатно изненадување од грчкиот правен систем“.

„Во иднина чекаме да се отворат приватни македонски училишта и македонскиот јазик да биде дел од образовниот систем во Егејска Македонија за новите генерации да го учат македонскиот јазик. Му благодариме на грчкиот судски систем за оваа праведна одлука“ велат од ОМД.

Оттаму велат дека ја поздравуваат судската одлука.

„ Борбата за нашата еднаквост и човекови права во таканаречените демократии како Грција е далеку од завршена. Мора да продолжиме да го едуцираме светот за ефектите и влијанието врз Македонците како резултат на поделбата на географска Македонија во 1913 година од страна на западните сили.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница