Утрински Весник
Свет

Грчката крајбрежна стража спаси 117 мигранти во близина на Крит

O 1830204 1024
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчката крајбрежна стража вечерва соопшти дека во близина на брегот на островот Крит спасила 117 мигранти од Либија и дека се уапсени три лица осомничени дека ги криумчареле.

Вкупно 84 мажи, две жени и 31 малолетник биле во чамец закотвен во залив на југот на островот Крит, што го користеле рибари.

Мигрантите рекоа дека го напуштиле Тобрук во Либија во четвртокот и се упатиле кон Италија, соопштија грчките власти.

Заедно со Италија, Грција е на првата линија на пристигнување на мигранти кои сакаат да влезат во Европската унија преку Медитеранот, од Турција или Северна Африка.

Околу 45.000 баратели на азил пристигнаа во Грција минатата година, од кои повеќето на островите во близина на турскиот брег.

Можете да прочитате

Годишна прес конференција на Путин, пристигнале над 2 милиони прашања

ЕУ ќе ѝ даде заем од 90 милијарди евра на Украина, три земји одбиваат да учествуваат

Се урна приватен авион во Северна Каролина