Утрински Весник
Балкан

Грчката и турската делегација денеска ќе одржат средба во Атина за мерките за градење доверба

Grci A Turgi A.webp.webp
Img 5587

Нова средба за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција ќе се одржи денеска во Министерството за одбрана на Грција, а претходниот круг разговори беше пред пет месеци во Анкара, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за одбрана на Грција, грчката делегација ја предводи амбасадорот Теохарис Лалакос, шеф на турската делегација е заменик-министерот за надворешни работи Бурак Акчапар, а на состанокот ќе учествуваат и високи претставници на вооружените сили на двете земји.

Img 5587

Претходната средба на грчката и турската делегација за мерките за градење доверба меѓу двете земји се одржа на 13 ноември во Анкара. 

Во петок, според најавите, во Истанбул се очекува да се одржи средба на делегациите од Грција и Турција за економската соработка, односно за т.н. позитивна агенда, додека пак на 13 мај грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посети Анкара каде што ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ss1

Можете да прочитате

Вучевиќ му се заблагодари на Верхеји за честитката: Ќе работиме на европскиот пат на Србија, но и на одбрана на националните интереси

Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Изгласана е новата Влада на Србија: Премиер e Милош Вучевиќ