Утрински Весник
Македонија

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

Granica Mkd.jpg

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ е зголемена фреквенцијата на возила и се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор